Превирања во Стоматолошката комора
Итно организирање избори за ново раководство на Стоматолошката комора, побара група лекари откако Управниот суд утврдил дека сегашното не е легитимно...

Итно организирање избори за ново раководство на Стоматолошката комора, побара група лекари откако Управниот суд утврдил дека сегашното не е легитимно. Велат, од пресудата произлегува дека одлуките на актуелниот претседател се ништовни.
Претседателот на Комората, Денковски ќе ја почитува пресудата и ќе се организираат избори, но дотогаш, согласно закон, тој останува на чело на Комората.
„Загрижените колеги би требало сериозно да размислат за нивните постапки, затоа што на овој начин, претендирајќи на незаконското преземање на комората можно е да се отвори ’Пандорината кутија‘ што може да доведе до несогледливо штетни правни последици по комплетниот стоматолошки систем“- вели Маријан Денковски, претседател на Стоматолошката комора.
Неодамна, министерот за здравство ги одзема ингеренциите на Комората поради сомнежи за финансиски злоупотреби.
Анита Димитријевска-Велковска
