Модерна, функционална и урбана општина, нуди Касами
Тетово има голем потенцијал да стане модерен град, рече кандидатот за градоначалник од „Вреди“, Биљал Касами. Ветува средување на сообраќајниот хаос и автобуси до планинските села...

Тетово има голем потенцијал да стане модерен град, рече кандидатот за градоначалник од „Вреди“, Биљал Касами. Тој ветува дека јавниот превоз ќе биде бесплатен за сите граѓани, нагласувајќи дека ќе водат грижи за сите граѓани без разлика на етничка припадност, вероисповед, возраст или социјален статус.
Касами рече дека нуди сеопфатна визија за модерна, функционална и урбана општина, средување на сообраќајниот хаос и автобуси до планинските села.
Касами рече дека во Тетово се случиле промени и оти водел грижа за инфраструктурата, животната средина, културата, уметноста и спортот, како и за најранливите категории граѓани.
Борис Грујоски
