Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е од некого да барате да е отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на ЕУ
Нема поддршка од Хрватска за иницијативата за одредени одлуки со квалификувано мнозинство, ставот го пренесе хрватскиот претседател Милановиќ на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч. Од говорницата претседателката Сиљановска – Давкова нагласи, цинизам и лицемерие е да се бара од некого да биде отпорен на влијанија од трети страни, оставајќи го пред портите на Европската унија...

Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската унија, посочи претседателката Сиљановска-Давкова. Од говорницата на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч укажа на неодржливоста на предолгото чекање на Западен Балкан.
Словенија е меѓу земјите кои се најгласни за промена во одлучувањето при пристапување на земјите во ЕУ, Загреб со поинаков став, едногласноста не се напушта.
Иницијатори на „Процесот Брдо-Бриони“ се Хрватска и Словенија. Во процесот, покрај нас, вклучени се и Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Борис Грујоски
