Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
07.10.2025 08:03
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
