Локални избори 2025

Продолжува предизборната кампања, реториката сѐ пожестока

07.10.2025 08:16

Реториката сѐ пожестока, меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат...

Втора недела од предизборната кампања. Реториката сѐ пожестока, меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во Маврово-Ростуше, Гостивар и во Тетово. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Дојран, Богданци, Гевгелија и во Валандово. На терен, со претставување на своите програми и националната алијанса за интеграција и коалицијата „Вреди“.

Не помалку активни и условно помалите политички партии и независните кандидати за градоначалници и советни.