Чаби Алонсо во Баерн Минхен
Германскиот фудбалски гигант Баерн потврди дека шпанскиот репрезентативец Чаби Алонсо за сума од 6 милиони евра се сели во Минхен.
Алонсо по доаѓањето на Тони Крос и на Хамес Родригез во Реал Мадрид, го загуби местото во средниот ред и побара да си замина иако пред само неколку месеци потпиша нов двегодишен договор со „кралскиот “ клуб.
По повредите на неколку стандардни првотимци и по заминувањето на Крос во Мадрид, Пеп Гвардиола конечно доби искусен и квалитетен играч во средниот ред.

И предводнкот на Реал, Карло Анчелоти најверојатно брзо ќе реагира со замена за Алонсо, а шпанските медиуми шпекулираат со името на бразилскиот репрезентативец од Волфсбург, Луиз Густаво, кој од 2011-2013-та ги бранеше боите на Баерн.