Разговори за крај на војната во Газа

Вашингтон: Да се конкретизираат условите за ослободување на заложниците

07.10.2025 08:28

Трамп инсистира, страните на преговорите во Египет брзо да ги конкретизираат условите за ослободување на заложниците во Газа, соопшти Белата куќа.

„Имаме навистина добри шанси да склучиме договор, а тоа ќе биде траен договор“, вели претседателот на САД. Трамп инсистира, страните на преговорите во Египет брзо да ги конкретизираат условите за ослободување на заложниците во Газа, соопшти Белата куќа.

„Сакаме да постигнеме брз напредок по ова прашање и претседателот сака заложниците да бидат ослободени што е можно поскоро. Многу е важно брзо да се ослободат заложниците, а потоа да се премине на следниот дел, создавање на мир во Појасот Газа, со што ќе се гарантира дека палестинската енклава нема да претставува закана за безбедноста на Израел или САД“, изјави Керолајн Ливит, портпаролка на Белата куќа.

И од Израел очекуваат позитивен исход за враќање на заложниците откако Хамас изјави дека делумно се согласува со предлозите за мировен план, но не одговори на неколку клучни барања – разоружувањето и управувањето со Газа по војната. Предвидено е преговорите во Шарлм Ел Шејк да траат неколку дена со присуство на медијатори од САД, Катар, Египет и Турција.