Европска унија

В четврток гласање доверба на Фон дер Лајен

07.10.2025 09:48

Крајната левица и крајната десница на Европа ја обвинуваат претседателката за потпишување на штетни трговски договори, неактивност против кршењето на меѓународното право од страна на израелската влада во Газа, зголемената миграција, лошите услови за земјоделците.

Шефицата на Европската комисија, Фон дер Лајен ги предупреди европарламентарците да не потпаѓаат на обидите на рускиот претседател Путин да ја подели Европа. Ги повика членките на блокот да работат заедно пред двете гласања за недоверба оваа недела.

Крајната левица и крајната десница на Европа ја обвинуваат претседателката за потпишување на штетни трговски договори, неактивност против кршењето на меѓународното право од страна на израелската влада во Газа, зголемената миграција, лошите услови за земјоделците.

„Рускиот претседател не го крие својот презир кон нашата унија и темелите врз кои е изградена. Ова е најстариот трик, поделби, дезинформации, создавање жртвено јагне, се за да не сврти едни против други, да ја ослабне нашата решителност и нашата отпорност. Треба да се фокусираме на она што е навистина важно, а тоа е да постигнеме резултати за Европејците“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Пратениците треба да гласаат за предлозите за недоверба во четврток.