Европа
Политичка криза во Франција по оставката на премиерот
07.10.2025 10:29
Претседателот Макрон побара од премиерот во оставка да одржи последни разговори со политичките партии.

Не стивнуваат реакциите по ненадејната оставка на францускиот премиер, која ја продлабочи политичката криза во земјата. Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функцијата и помалку од 24 часа откако именуваше нова влада.
Претседателот Макрон побара од премиерот во оставка да одржи последни разговори со политичките партии.
Десничарската „Национален собир“ инсистира на распуштање на парламентот и предвремени избори.
Социјалистите, пак, рекоа дека е време премиер да биде избран од редовите на левицата, на што Макрон досега се противеше.
