УХМР

Најстудено утрово во Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Крушево

07.10.2025 09:18

Попова Шапка со нула степени утрово беше најстуденото место во Македонија. Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Крушево...

Попова Шапка со нула степени утрово беше најстуденото место во Македонија. После него следуваат Крушево и Маврово со два степени, па Лазарополе со три степени.

Најтопло утрово беше во Гевгелија, каде беа измерени 12 степени, додека во Велес беа измерени 11 степени.

Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Крушево, 10 литри на метар квадратен.