Локални избори 2025

Левица ги претстави кандидатите во Малешевијата

07.10.2025 17:31

Левица ја крши двопартиската поделба во Берово, на овие избори како трета опција излегува со свој кандидат за градоначалник и листа на советници. Во Берово во најава проекти за заштита од пожари, во Македонска Каменица, Левица планира укинување на сметките за улично осветлување, а во Делчево ставање крај на непотизмот во институциите.

Инвестиции за нови работни места, уредување на детски катчиња во сите села и подобрување на локалната инфраструктура. Пробивање на шумски патишта со цел создавање појаси за заштита од пожари. Ова е дел од програмата на градоначалничкиот кандидат на Левица.

Во Македонска Каменица, Левица излегува со советничка листа која ќе работи на создавање услови за повеќе индустриски капацитети. Повеќе средства за новороденчиња и субвенционирање на учениците.

Доста е од лоши политики и непотизам, порача во Делчево носителот на советничката листа на Левица.

Стаменковски смета дека Левица на овие избори во Делчево ќе има тројца советници.

Славица Величковска