Заеднички концерт на Националниот џез оркестар и студентите од ФМУ и Џез академијата
07.10.2025 10:29
Настанот, кој се одржува по вторпат, е посветен на креативноста и талентот на младите џез-музичари и има за цел да ја поттикне меѓугенерациската размена и развојот на џез-културата во земјата.

Вечерва во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар заедно со студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип.
Настанот, кој се одржува по вторпат, е посветен на креативноста и талентот на младите џез-музичари и има за цел да ја поттикне меѓугенерациската размена и развојот на џез-културата во земјата.
Влезот е слободен.
