Превентивни мерки во борба против жолтицата
Досега 119 се заболени од жолтица. Најмногу во Скопје – 83 , во Штип 36, а поединечни случаи на хепатитис А има во Гостивар и во Куманово. Комисијата за заразни заболувања со низа мерки за превенција. Првиот училиштен час ќе почне со миење на рацете, предавања за личната хигиена, начинот на пренесување на вирусната жолтица и за превенција. На влезот во училиштата и градинките ќе има поставено дезинфекциска бариера, и учениците пред да влезат, ќе мора да ги дезинфинцираат обувките.
Се подига и нивото на едукација кај хигиеничарите.

„Во Скопје и во Штип каде што е прогласена епидемија на жолтица, ги задолжуваме директорите на училиштата да преземат одредени мерки и активности за хигиената во училиштата, на лицата одговорни за хигиена да им се објасни како и на колку време треба да се чистат и дезинфицираат тоалетите, односно пред почетокот на часовите, за време на големиот одмор и по часовите“, вели Прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог, член на Комисијата за заразни болести.
Локалните самоуправи се задолжуваат задолжително да ги мијат улиците, посебно во општините каде што е прогласена епидемија. Епидемиолозите ја исклучуваат водата за пиење како причинител за болеста. Во Штип ќе се поставуваат информативни табли онаму каде што водата не е за пиење. Потенцијална опасност се местата каде што имаше поплави и излевање на фекалната канализација.
Наташа Гркова-Петрушевска