3,1% раст годинава- Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија
До крајот на годинава домашната економија ќе достигне раст од 3,1%. Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија. Растот, и инвестициите и на извозот ќе бидат локомотива, но рак- рана останува проблемот со неискористената работната сила, миграцијата и потребите од зголемени иновации...

Раст од 3,1 отсто за годинава и од 3 отсто за следните две се предвидувањата на Светска банка во последниот извештај за Македонија.
Забрзувањето се должи на зголемувањето на инвестициите и заздравувањето на извозот. Дефицитот на кадар, ниско учество на работната сила под 55 отсто што продуцира и висока стапка на невработеност, демографски предизвици се аномалиите со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан. До 2050-та предупредуваат светските банкари, работоспособното население ќе се намали за 20 отсто.
Препораките се отворање на квалитетни работни места, инвестирање во човечкиот капитал, инфраструктурата, енергетиката, здравствениот и образовниот систем.
Слични проекции како за македонската економија и за просечниот раст на земјите од Западен Балкан-3,1% во 2026 и 3,6% во 2027.
Во 2025 година според последниот извештај забавува, бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите.
Фискалната политика е стабилна со дефицит под 3% и јавен долг по надолна траекторија. Западен Балкан напредува во намалувањето на развојниот јаз во однос на напредните економии на ЕУ, но растот не е доволен за да се затвори тој јаз-велат од Светска банка.
Александра Велинова
