Локални избори 2025
Кандидатите од коалицијата „Искуство за успех“ ја претставија својата програма
07.10.2025 17:45
Атлетска патека, мерни станици како и проект за вработување на службеник со вештачка интелигенција во општината за да се запре корупцијата, нуди во својата програма кандидатот за градоначалник на Прилеп, Жарко Бошкоски од Либерално-демократската партија и коалицијата „Искуство за успех“.

Службеник со вештачка интелигенција во општината за да се сопре корупцијата, нуди кандидатот за градоначалник на Прилеп, Жарко Бошкоски од коалицијата „Искуство за успех“.
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, најавува комунална полиција, 100 нови еколошки автобуси, нови катни гаражи.
Кандидатите од Коалицијата „Искуство за успех“ ја бараат довербата на граѓаните на 19-ти октомври.
Елизабета Митреска
