Локални избори 2025

Кандидатот за градоначалник на Теарце од ВРЕДИ ја претстави програмата

07.10.2025 17:28

Теарце има многу добри и чесни жители, способни, горди и потребно е само некој да ги сослуша и да им даде можности, вели кандидатот за градоначалник на Теарце од редовите на ВРЕДИ, Даут Мемиши. Според него завршува времето на измамниците, а почнува на граѓаните…

Ова не е само кампања, туку е наше целосно будење. Последниве години за жал ни се нудеа само лаги, неправди и потсмев, нè запоставија до заборавање. Некои од нив се охрабрија да ги прикажат заслугите на граѓаните како свои политички, но Теарце не прима празни ветувања, рече при претставување на својата програма кандидатот за градоначалник на Општина Теарце од ВРЕДИ, Даут Мемиши.

„Теарце има многу добри и чесни жители, способни, горди и потребно е само некој да ги сослуша и да им даде можности. Тука сме сега за да ги слушнеме и да им дадеме можности и го велам ова со целосна верба дека времето на тие што ги измамија завршува, но почнува времето на граѓаните. Оваа битка ќе ја добиеме не само со зборови, туку со труд, со срце и со одржливост. Не се бориме за позиции туку за едно Теарце на иднината на нашите деца. Верувам во вас, верувам во ова место верувам дека на 19-ти октомври историјата на Теарце ќе биде испишана сосема поинаку. Од оваа ноќ, оваа сала, од овој дух почнуваат промените и се испишува победата“, изјави Мемиши.

„Општината Тетово ќе ја има поддршката на централната власт. Успеавме да реализираме проекти кои тие за 23 години не успеаја. Ќе ја споменам и медресата што ја ветуваа на секој избирачки циклус. Ги собираа гласовите од секој муслиман и на крај ги измамуваа на многу подол начин. Така што нивниот министер незаконски ја легализира па после изборите Уставниот суд ја поништи таа одлука. Ама ние и ова го средивме законски“, нагласи Касами.

Од ВРЕДИ порачаа дека не се работи само за избори туку и за враќање на довербата кај генерациите што растат со чувството дека ништо не се менува, затоа им ветуваат дека сè ќе се промени.

Фиљана Кока