Култура
„Риголето“ се враќа на сцената на МОБ
07.10.2025 19:35
Под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија) и во режија на Пјер Франческо Маестрини (Италија), „Риголето“ ветува спектакуларна вечер исполнета со драма, страст и уметничка совршеност...

На 10 октомври, сцената на Македонската опера и балет повторно ќе оживее со моќната музика на Џузепе Верди. Под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија) и во режија на Пјер Франческо Маестрини (Италија), „Риголето“ ветува спектакуларна вечер исполнета со драма, страст и уметничка совршеност.
На сцената ќе блеснат Леон Ким (Јужна Кореја) како Риголето, Биљана Јосифов како Џилда и Чуан Ванг (Кина) како Војводата од Мантова. Величествениот оркестар и хорот на МОБ во комбинација со маестралната режија ќе создадат вечер за паметење.
