Локални избори 2025

Модернизација на општините ветија кандидатите на НАИ за Сарај и Бутел

07.10.2025 17:39

Сарај, Матка и езерото Треска ќе станат симбол на Скопје со нови проекти и одржлив развој, најави кандидатот за градоначалник на Сарај од Национална Алијанса за Интеграција, Блерант Рамадани. И кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи ветува модернизација на општината...

Сарај, Матка и езерото Треска ќе станат симбол на Скопје со нови проекти и одржлив развој. Ова го најави кандидатот за градоначалник на Сарај од Национална Алијанса за Интеграција, Блерант Рамадани.

Вели, ако ја добие довербата од граѓаните, Сарај ќе стане урбано место за живеење.

И кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи ветува модернизација на општината, со генерален урбанистички план и чиста средина.

Кандидатите најавуваат и ревитализација на речните корита, зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки, општини со нова димензија.

Борис Грујоски