Локални избори 2025

Субвенции и јавни програми за користење на велосипеди, најавуваат од ЗНАМ

07.10.2025 17:18

Најавуваат субвенции и јавни програми за користење на велосипеди, катна гаража во Буњаковец и Смарт – паркинг систем. Програмата на ЗНАМ за Куманово пак предвидува 3 нови градинки...

Центар мора да стане општина на пешаци, велосипеди и јавен превоз, а не на хаосот, велат од движењето ЗНАМ. Најавуваат субвенции и јавни програми за користење на велосипеди, катна гаража во Буњаковец и Смарт – паркинг систем.

Програмата на ЗНАМ за Куманово пак предвидува 3 нови градинки како и зголемување на капацитетите за дневен престој на децата.

Од партијата на Димитриевски, велат дека имаат програма и за поддршка на економскиот развој и локалниот бизнис.

 

Анита Димитријевска - Велковска