Диего Коста се повреди на тренинг

28.08.2014 17:11

Шпанскиот репрезентативец Диего Коста нема да игра против Македонија на 8. септември во Валенсија на отворањето на фудбалските квалификации за идното ЕП.

На синоќешниот трнинг на Челзи, бразилецот го скинал мускулот и најверојатно ќе мора да мирува најмалку шест седмици.

Менаџерот на екипата од Стемфорд Бриџ, Жозе Мурињо го губи Диего Коста кој веднаш потврди дека е најголемото засилување во нападот, откако беше стрелец во воведните премиерлигашки победи против Барнли и Лестер.

Повредата на бразилецот со шпански пасош доаѓа во незгодно време кога Мурињо на располагање како шпиц играч го има само Дидие Дрогба а Фернандо Торес, според последните информации е на заминување од клубот.

Повредата на Диего Коста во пресрет на европските квалификации му прави проблеми и на шпанскиот селектор Висенте Дел Боске, во ситуација кога Торес поради лоша форма не игра, Вилја се прости од репрезентацијата, а повреда го мачи и напаѓачот на Манчестер Сити, Негредо.