Македонија

Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

07.10.2025 15:03

Престрелка попладнево се случила пред зградата на општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково...

Едно лице е повредено попладнево на улицата кај зградата на Општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.

Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Полициски екипи се на терен и вршат увид.