Финансии

Извршени првите трансакции преку СЕПА

07.10.2025 16:23

Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До шест пати пониски трошоци за граѓаните, до осум пати пониски трошоци за компаниите …

Извршени се првите трансакции во евра преку СЕПА, единствениот евро-платежен простор, потврдуваат од Народната банка. Граѓаните и компаниите можат да вршат трансакции со неколкукратно помали провизии.

Девет домашни банки стартуваа со апликацијата за приклучување кон СЕПА, останатите три се очекува да се приклучат до крајот на годината. Ова значи исчекор и за бизнисот.

Од Министерството за финансии велат, се унапредуваат условите за работењето и живеењето.

Во СЕПА е вмрежена 41 земја, за вклучување и на Македонија одлучи Европскиот совет.

Наташа Јанчиќ-Менковски