Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“
Продолжува судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Васев и двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Минатото рочиште беше одложена откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство...

Продолжува судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Васев и двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Минатото рочиште беше одложена откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Коцевски да го преземе предметот или да го делегира на друго обвинителство. Обвинетите се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување поради тоа што кај 29-тмина пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапување во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.
Второобвинетата докторката Мери Пешевска призна вина и беше осудена на две години условна затворска казна.
