партии
СДСМ бара оставка од министерот Тошковски
08.10.2025 08:10
Вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем, велат социјалдемократите.

СДСМ бара оставка од министерот Тошковски. Вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем, велат социјалдемократите. Според нив, последниот инцидент во Куманово во пресрет на локалните избори е сериозен и внесува загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски, наведуваат од партијата.
СДСМ бара од надлежните институции веднаш да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.
