Продолжува кампањата, партиите во трка за довербата на граѓаните
Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.

Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош.
Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интеграција и ВЛЕН. На терен и независните кандидати.
Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје.
