Тошковски: Нема да поднесам оставка
Вели – нема да си поднесам оставка, напротив додека вие се занимавате со спинови и конструкции, ќе продолжам со решавање на проблеми и расчистување со нередот кој го оставивте. За вас политиката е шоу, за нас е одговорност...

Министерот Тошковски со реакција до СДСМ. Вели – нема да си поднесам оставка, напротив додека вие се занимавате со спинови и конструкции, ќе продолжам со решавање на проблеми и расчистување со нередот кој го оставивте. За вас политиката е шоу, за нас е одговорност. Тоа, е разликата помеѓу власт што руши и генерација што гради.
За десетина дена, на локалните избори, ќе го видите резултатот од вашето најгласно-оставка. Тоа ќе биде моментот кога зборовите ќе се судрат со делата и граѓаните ќе кажат кој работел, а кој ширел паника и хистерија, наведува министерот Тошковски во реакцијата.
