Националната гарда во близина на Чикаго
Градоначалникот на Чикаго го обвини Трамп дека не споделил информации и ја нарече федерализацијата неуставна и опасна.

Првите војници на Националната гарда испратени од Трамп пристигнаа во близина на Чикаго, и покрај противењето на демократските власти. Градоначалникот на Чикаго го обвини Трамп дека не споделил информации и ја нарече федерализацијата неуставна и опасна.
„Федералната влада е надвор од контрола. Ова е едно од најопасните времиња во историјата. Ако Конгресот не сака да го повика претседателот на одговорност, тогаш јас ќе го направам тоа“, изјави Брендон Џонсон, градоначалник на Чикаго.
Чикаго и сојузната држава Илиноис го тужеа Трамп за да спречат испраќање на Националната гарда, само неколку часа откако судот го блокираше распоредувањето на гардата во Портланд. Апелацискиот суд за ова ќе расправа утре.
