Турција

Иванов присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган

28.08.2014 17:20

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, присуствуваше на инаугурацијата на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Освен Иванов, на овој настан беа поканети 15 претседатели на држави, шест претседатели на парламенти, 12 премиери и други високи претставници од 90 земји.

Шефот на државата оствари и неколку билатерални средби со негови колеги.. Посетата на Анкара ја искористи за да посети неколку турски компании, а учествуваше и на бизнис форум во индустриската зона близу до Анкара.  Инаку, Реџеп Таип Ердоган е првиот претседател избран со непосредно гласање.  Довербата од Турците ја доби уште во првиот круг.  11 години беше премиер.  За нов  претседател на владата е именуван досегашниот шеф на дипломатијата, Давутоглу. Се очекува, уште денеска да му биде доверен мандатот за состав на владата.