Невреме
Црвен метео-аларм во Романија и Бугарија
08.10.2025 11:19
Бугарските власти будно ја следат состојбата, откако минатата недела во невремето загинаа четири лица...

Во Бугарија и Романија прогласена црвена метео тревога поради обилните врнежи дожд. Стотици училишта во Романија се затворени, а жителите се советуваат да не патуваат.
Бугарските власти будно ја следат состојбата, откако минатата недела во невремето загинаа четири лица.
Затворени се неколку патишта, а над 50 места останаа без струја.
