Победа на стартот од АБА2 лигата за МЗТ Скопје Аеродром
Вчеравечер на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15).

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше сезоната во АБА 2 лигата. Вчеравечер на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15).
По првото полувреме кое им припадна на гостите со 37:34, македонскиот првак третиот период одигра најдобро и ги казнуваше грешките на ривалот и со скор од 22:11 дојде до предност, која на крајот се покажа и решавачка. Во последниот период МЗТ стигна и до највисокото водство 75:56, кое гостите успеаја да го намалат.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Ламар Мек Кејден со 21 поен.
МЗТ Скопје Аеродром следниот натпревар го играат на гостински терен против Сутјеска.
Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром/ Фејсбук
