УХМР
Најмногу дожд во Демир Капија, од утре стабилизација на времето
08.10.2025 08:54
Од утре веќе се очекува стабилизација на времето со слаб до умерен северен ветер и пораст на дневните температури.

Најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Демир Капија (девет литри на метар квадратен), а најмалку во Претор (еден литар на метар квадратен), покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од утре веќе се очекува стабилизација на времето со слаб до умерен северен ветер и пораст на дневните температури.
За денеска, синоптичарите најавуваат облачно време со повремени локални врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе дува и со брзина од над 60 km/h.
