„Скаменети потези“ – изложба на Аница Китаноска во Музејот на Град Скопје
Изложбата ја истражува врската меѓу мозаикот и сликарството, нудејќи современ пристап кон традиционалниот медиум. Китаноска, која магистрирала ликовна уметност и современ мозаик во Равена, вели дека мозаикот за неа претставува „жива основа за експеримент и личен израз“.
Во Музејот на Град Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Скаменети потези“ на уметницата Аница Китаноска. Куратор на поставката е историчарката на уметност Гордана Велков.
Изложбата ја истражува врската меѓу мозаикот и сликарството, нудејќи современ пристап кон традиционалниот медиум. Китаноска, која магистрирала ликовна уметност и современ мозаик во Равена, вели дека мозаикот за неа претставува „жива основа за експеримент и личен израз“.
Младата уметница од Вевчани зад себе има изложби во Италија, Франција, Амстердам и Скопје, а е добитничка на Националната награда за уметност PNA во Италија (2023).
Поставката ќе биде отворена за јавноста до 22 октомври.
