Францускиот премиер Лекорну има рок до вечерва да изнајде излез од политичката криза
По неговата оставка, претседателот Макрон му даде 48 часа за разговори со партиите. Лекорну се надева на компромис за да се избегнат нови избори.

Францускиот премиер во заминување, Себастјен Лекорну, има рок до вечерва да изнајде излез од политичката криза. По неговата оставка, претседателот Макрон му даде 48 часа за разговори со партиите. Лекорну се надева на компромис за да се избегнат нови избори. Опозицијата бара премиер од нивните редови, додека дел од таборот на Макрон дури повикува тој самиот да се повлече.
„Имам добри причини да ви кажам дека меѓу добрите вести, по сите консултации што ги имав со претседателот на Националното собрание, на Сенатот, со сите политички групи- постои желба да се има буџет за Франција пред 31 декември годинава. Сепак, тоа не е доволно, буџетот очигледно мора да вклучува голем број параметри што ќе ѝ овозможат на Франција да се движи напред“, изјави Себастијан Лекорну, премиер на Франција во заминување.
