Јубилејна 40-та ликовна колонија „Куманово“ во Пелинце

28.08.2014 17:30

Четириесеттата меѓународна ликовна колонија „Пелинце„ донесе врвни уметници од повеќе земји кои во прекрасен амбиент творат на разни теми. Оние кои учествувале по неколкупати го споредуваат својот напредок и преобразба, но во сите дела на преден план е уметноста. Збирката во кумановскиот музеј се збогати.

Шарл Вагизмери уметник од Белгија  прв пат престојува Македонија и преку своите дела и испрати писмо на својата сопруга и и ги  пренесе ипресиите од учеството на Меѓународната кумановска ликовна колонија што се одржа во рекреативниот комплекс Пелинце.

„Преку овие стихови што ги ставив на моите слики и кажувам на сопругата дека сум во една мала , но прексрасна земја каде што луѓето се гостопримливи и ме прфатија како да сум нивен.Воодушевен сум и од овде ќе понесам само убави спомени“,рече Фил Вагзимери, уметник од Белгија.

На 40-та по ред колонија инспирацијата од недопрената природа покрај Пчиња ја црпеа и свој белег оставија уште 14 уметници од Македонија и Србија.

„За разлика од минатата година, чувствувам дека сум напредувал како уметник и овој пат на колонијата оставам подобри и повредни дела“, изјави Младен Станковиќ, уметник од Србија.

„Виолетовата боја ме одрбра мене и преовладува на моите слики овде на колонијата во Пелинце и се надевам дека ќе им се допаднат на публиката“, реле Мирјана Крстевска, уметник од Македонија.

Колекцијата од 30-тина дела од колонијата ќе го збогати депото на Уметничаката Галерија , а дел од сликте ќе се најдат и во гоем број јавни установи.

„Се работеше сликарство и скулптура се уште држиме се уште до традиционалниот начин на изразување, но секако ги следиме исите нови тенденции во уметноста изјави Драгана Спасковска –кустос историчар на уметност’, рече Драгана Спасковска, кустос-историчар на уметност.

Проектот го реализира Музејот на град Куманово и Општината со финансиска подршка од Министерството за култура.

„Уметниците оставија богата продукција која се надевам заедно со нив ќе ја презентираме на изложбата што ќе се одржи во Уметничката Галерија Куманово во месец ноември по повод денот на градот Куманово“, вели директорта на Музејот Анита Цветановска.

„Имаме тенденција да се задржи и продолжи оваа ликовна колонија на која во изминатите години поминаа над 200 уметници кои оставија бројни и вредни дела“, изјави Жика Крствески раководител на секторот за култура во Општина Куманово.

Кумановската колонија е проект кој без прекин се одржува 4 деценции.Првата била организирана помеѓу збратимените градови Куманово и Врање во манастирот Прохор Пчински, потоа продолжила во Манастирот во Матејче и на некои други локации, а последните 7-8 години откако е изграден меморијалниот центар Асном се реализира во рекреативниот центар Пелинце.

Габриела Димковиќ