Кривичен суд

Ново рочиште против трите лица за дивите депонии на Вардариште

08.10.2025 12:10

Во Кривичен суд за денеска е закажано ново рочиште против тројцата обвинети за создавање на депонијата во Вардариште. Тие се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад...

Во скопскиот Кривичен суд за денеска е закажано ново рочиште против тројцата обвинети за создавање на депонијата во Вардариште. Тие се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад.

На претходната главна расправа признаа вина.

Нивната одбрана тврди дека нема докази оти пожарите на депонијата биле на местото каде што обвинетите го складирале отпадот. Обвинението е поднесено на 11-ти септември.

Во него стои дека тројцата со своите дејствија предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето. Казната за ова дело е од три месеци до три години затвор.