НАИ ја претстави програмата за Теарце и Врапчиште
Поддршка на бизнисите, нови работни места, чиста животна средина, отстранување на дивите депонии - ветуваат кандидатите за градоначалници на Националната алијанса за интеграција во Теарце и Општина Врапчиште …

Инфраструктурни, образовни и друг вид проекти кои се веќе започнати ќе бидат финализирани, но следните 4 години ќе се работи и на нови кои се приоритетни во однос на интересот на жителите на Врапчиште, ветува кандидатот за градоначалник на оваа општина од Национална алијанса за интеграција, Хисен Шабани.
Во центарот на нашата програма е економскиот развој кој ќе се остварува во неколку правци, рече кандидатот за градоначалник на општина Теарце од оваа коалиција, Таипи.
„Ќе ги поддржиме локалните и семејните бизниси на граѓаните за отворање на нови работни места. Ќе го зајакнеме локалното комунално претпријатие со нови човечки капацитети и модерна опрема. Гарантирајќи чиста животна средина за жителите ќе изградиме пунктови за ѓубре и градежен шут за да бидат оневозможени дивите депонии. Исто така дијаспората ќе ја вклучиме во развојот на Теарце зашто ќе донесе искуство, капитал и иновативни проекти“, изјави Назим Таипи, кандидат за градоначалник на теарце од НАИ.
Во Теарце жителите ќе имаат квалитетна вода за пиење, како и квалитетно образование, додаде Таипи.
Фиљана Кока
