Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
Минов беше и носител на независна листа за претстојните локални избори. Од Општинската изборна комисија Кавадарци информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник. Носител беше и на независна листа за претстојните локални избори.
Од Општинската изборна комисија Кавадарци информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.
Ќе ја известиме Државна изборна комисија, има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа, велат од ОИК.
Комеморативна седница во чест на Панчо Минов ќе се одржи утре во Кавадарци. Тој беше роден на 21 август 1958 година во Кавадарци. Минов во два мандати беше градоначалник на Кавадарци и во четири мандати, пратеник во Собранието.
