Ја задржавме традицијата на кошаркарската евросцена
Четврто последователно учество, вкупно 5-то на европските кошаркарски првенства за мажи. Го продолжуваме континуитетот, наредната година повторно ќе бидеме во друштво на избраните 24 на Стариот континент. Некој очекуваше, некој се сомневаше, а момчињата што истрчаа на теренот го искористија моментот. Во отсуство на големите имиња, базата од домашни кошаркари, се избори за шанса за надигрување со големите селекции.

Македонија игра тимски, Македонија игра течно, Македонија се однесува искусно, како да нема смена на генерации. Повеќето од овие кошаркари беа во претходните состави или на пошироките списоци, но во сенка на далеку посикусните и поуспешните. Селекторот Џикиќ ја одработе задачата за која што беше ангажиран, останува Федерацијата да му го продолжи договорот. Србинот изјави дека ги почитува оние со кои што ќе преживее стресни ситуации, какви што беа овие квалификации, но не исклучи комбинација за враќање на дел од ѕвездените.
Македонија го има најдобриот скокач во циклусот, нашиот нов Американец Хендрикс има преку 10 скокови по натпревар. Наш најдобар стрелец е Трајковски, со преку 11 поени. Најдобари додавачи се Војдан Стојановски и Костовски, со преку две асистенции. Соколов најдобро краде, а Хандрикс најмногу блокира под нашиот кош.
Губевме ралативно малку топки, оние 25 кај Белгија статистички не исекоа, но дисциплината во играта кога на паркетот сите се еднакви, не доведе до 5 победи и само 1 пораз. Ако некој мисли дека е лесно, нека се обиде. Денес, сите играат кошарка. Според постигнатите поени сме на 12-та позиција од 26 селекции, според тимските асистенции на 11-та, според скоковите на 10-та и според примените поени, сме на високата 6-та позиција.
Можеме да шутираме со сите, па и со најдобрите во моментов. Се уште не можеме да се одбраниме од сите, е ставот на селекторот. Математиката и неискуството во нокаут пресметките, не оддалечија од првата позиција во групата Д, ја имавме Белорусија на колена, не успеавме да ја дотолчиме за потребните +25. На крајот, Белгија ни избега за само, 20-тина поени. Се се учи, сака да каже Џикиќ, кој што тврди дека оваа група има многу време, да созрее пред Евробаскетот.