Локални избори 2025

Левица ги претстави кандидатите за членови на совет во Неготино и Богданци и кандидатот за градоначалник на Гевгелија

08.10.2025 17:21

Кандидатите за членови на совет од Неготино и Богданци, од политичката партија Левица порачаа дека ќе работат во интерес на граѓаните, нудат реални проекти, а не лажни ветувања. Кандидатот за градоначалник на Гевгелија порача дека нуди град на зеленило, а не на бетон …

Доста е импровизации, лаги и нереализирани проекти во Неготино и време е да се врати гласот на народот, порача од претставувањето на кандидатите од советничката листа на Левица за Неготино, Никола Ламбев. Тој кажа дека на овие локални избори ќе се борат градот да добие локална власт што ќе работи за сите, а не само за одреден дел од граѓаните. Во програмата се залагаат за реални проекти, а не за лажни ветувања.

Левица се претстави и пред граѓаните на Гевелија. Кандидатот за градоначалник Тони Аврамов, ја претстави визијата за Гевгелија како град на луѓе, а не на бетон. Носителот на листата за членови на совет во Богданци, Ристо Данилов порача дека ќе води грижа за народот.

Од партијата порачаа дека поддршката на пред сè младите за Левица расте од ден на ден. Народот е веќе уморен од 34-годишното владеење на буржоаската класа и нивните политички претставници, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Петар Печков