Локални избори 2025

Од коалицијата „Искуство за успех“, најавуваат модерно и европско Куманово

08.10.2025 17:32

За поубаво Куманово, потребно е многу работа, труд и залагање, но и искуство, вели носителот на листа на советници за совет на општина Куманово од ЛДП, Тома Глигоријевски. Најави три клучни проекти – реконструкција на кејот, изградба на нови старечки домови и градинки.

Со работа и труд до убаво, модерно и европско Куманово, изјави Тома Глигоријевски, носител на листата на советници за совет на општина Куманово од коалицијата „Искуство за успех“. Тој посочи дека за да се реализираат проектите кои на кумановци ќе му го олеснат животот како што се, водоснабдувањето, изнесување на смет, градинки, домови за стари лица, паркинзи, треба и искуство.

Ветува дека од првиот ден како член на советот на општината ќе се залага за започнување на три клучни проекти кои би биле организирани на добар и модерен начин.

Кандидатите на коалицијата „Искуство за успех“ продолжуваат на терен со средби со граѓани и прес конференции, презентирајќи ја програмата и проектите за поубав живот на граѓаните во Македонија.

Велат дека нема повеќе зборови во ветар, изневерени очекувања, расправии, суети и инаетење – само резултати и помалку изговори. Коалицијата „Искуство за успех“ на претстојните локални избори ќе настапи со 10 кандидати за градоначалници и 36 советнички листи.

 

Наташа Гркова-Петрушевска