Во Кривичен продолжува доказната постапка за случајот „Онкологија“
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Онкологија“. Продолжи судењето против поранешниот директор на клиниката Васев и двајца онколози обвинети за несовесно лекување на пациенти. Предметот е во доказна постапка...

Продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Васев и двајца доктори онколози, за несовесно лекување и за тешки тела против здравјето на пациентите. Се сослушуваат сведоци. Сопруг на почината пациентка на Клиниката за онкологија која боледувала од карцином на дојка, пред судот кажа дека неговата жена примала терапија, според експериментална програма и на почетокот се чувствувала добро, но потоа нагласувала дека не ја чувствува повеќе терапијата.
Одбраната на првообвинетиот Васев побара изземање на техничкиот советник на обвинителството и за исклучување на сведочењата на семејствата на пациентите.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.
Обвинението ги товари лекарите за „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.
Игор Панов
