Отворена истрага против две сопственички на старски домови во Капиштец и Бутел
Им давале храна со поминат рок, ги малтретирале згрижените лица. ОЈО отвори истрага за две сопственички на старски домови во скопски Капиштец и Бутел. Тие се приведени под сомнение за нехуман третман на стари лица...

Им давале храна со поминат рок, ги малтретирале згрижените лица. ОЈО отвори истрага за две сопственички на старски домови во скопски Капиштец и Бутел. Тие се приведени под сомнение за нехуман третман на стари лица. Во собите сместувале женски и машки лица заедно, а дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица на ист кревет, велат од МВР.
Полицијата и Обвинителството извршиле претрес на четири локации од кои се обезбедени докази.
„Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од над два милиона денари. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар. Установите се затворени“, велат од ОЈО.
Јавен обвинител наредил лекарски преглед на старите од стручни лица од Институтот за судска медицина. Двете установи се затворени, а за корисниците е обезбедено соодветно сместување во координација на надлежните државни органи.
Газдариците на домовите се во притвор и се товарат за нехуман и понижувачки третман на стари лица.
Борис Грујоски
