Македонија
Сомнителен куфер оставен во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по проверката потврдено дека нема опасност
08.10.2025 15:46
Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш биле евакуирани сите вработени...

Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш биле евакуирани сите вработени. Првичната информација за евакуацијата на вработените беше дека се работи за дојава за бомба.
Од МВР потврдија дека по извршената проверка утврдено е дека се работи за празен куфер и не претставува закана по безбедноста.
Имено, лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ пријавило дека забележало две лица кои го разгледуваат просторот, при што едно од нив оставило куферот.
