По три години затвор за тројцата обвинети за создавање на диви депонии во населбата Вардариште
По три години затвор за тројцата обвинети за создавање на диви депонии во населбата Вардариште.Ја признаа вината за загрозување на животната средина и опасност по здравјето на луѓето. Во последните пет години во обид нелегално да заработат, трупале отпад на јавна површина...

По три години затвор добија тројцата обвинети за складирање железо, акумулатори и кабаст отпад на депонијата „Вардариште“. Скопска единица ги огласи за виновни бидејќи во последните пет години, со цел нелегално да заработат, без фирма и лиценца трупале отпад на јавна површина загадувајќи ја животната средина.
Одбраната најави жалба, сметаат казната е висока. Појаснуваат дека отпадот не бил запалив, а тоа што горело на „Вардариште“ била на 500 метри од дивата депонија што ја создале обвинетите.
До правосилност на пресудата, обвинетите остануваат во притвор. Се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад за што е предвидена казна затвор од една до 10 години.
Анита Димитријевска – Велковска
