Уставен суд

Утврдени кандидатите кои ќе бидат интервјуирани за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

08.10.2025 16:00

Стручната комисија ги утврди 11-те кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Стручната комисија ги утврди 11-те кандидати кои ќе бидат интервјуирани за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Извршија административна проверка на 20 апликации. Избраните кандидати ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20-ти октомври.

На вториот оглас аплицирале дел од кандидатите кои се пријавија и на претходниот, а Владата ја стопираше постапката во фаза кога комисијата предложи тројца кандидати и ја поништи листата.