Криволак
Презентација на нови артилериски системи “Боран“
09.10.2025 08:07
Новите артилериски системи се дел од модернизацијата и опремувањето на Армијата, што ќе бидат презентирани со артилериското гаѓање пред министерот за одбрана Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски...

На полигонот Криволак, Армијата ќе ги претстави новите артилериски системи „Боран“ набавени од Турција. Новите артилериски системи се дел од модернизацијата и опремувањето на Армијата, што ќе бидат презентирани со артилериското гаѓање пред министерот за одбрана Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На Криволак ќе бидат презентирани и новите униформи за припадниците на Армијата набавени во рамки на договорот за воено-техничка соработка со сојузничка Турција.
