Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
09.10.2025 08:05
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
