Партиите продолжуваат со своите активности на терен
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска на средби со граѓани и митинзи во Зелениково, Илинден, Центар и во Кисела Вода. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и во Неготино.

Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока. Меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска на средби со граѓани и митинзи во Зелениково, Илинден, Центар и во Кисела Вода. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и во Неготино.
На терен, со претставување на своите програми и Националната алијанса за интеграција и коалицијата ВРЕДИ. Не помалку активни се и помалите политички партии и независните кандидати за градоначалници и советници.
Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.
