Во Белфаст подготвителен состанок за Самитот на Берлинскиот процес
На состанокот учествува и Тимчо Муцунски, шефот на македонската дипломатија. Европската безбедност, регионалната и европската интеграција, незаконската миграција се клучните теми од состанокот, на чии маргини министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби.
Во Белфаст, во Обединетото Кралство се одржува подготвителниот состанок за Самитот на Берлинскиот процес на којшто учествуваат 15 министри од земјите на Западен Балкан, како и високи претставници на Европската унија и на Велика Британија.
На состанокот учествува и Тимчо Муцунски, шефот на македонската дипломатија. Европската безбедност, регионалната и европската интеграција, незаконската миграција се клучните теми од состанокот, на чии маргини министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби.
Во Лондон на 22-ри октомври годинава британската влада е домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на којшто ќе учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан за промоција на регионалната соработка, на економскиот раст и на безбедноста.
Муцунски вчера на социјалните мрежи објави дека во пресрет на состанокот во Белфаст имал средба со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер. Разговарале за политичките односи меѓу двете земји, стратешката соработка и идните билатерални активности.
