Комисијата ги утврди кандидатите кои ќе бидат интервјуирани за судија во Европскиот суд за човекови права
На вториот оглас аплицирале дел од кандидатите кои се пријавија и на претходниот, а Владата ја стопираше постапката во фаза кога комисијата предложи тројца кандидати и ја поништи листата.

Стручната комисија ги утврди 11-те кандидати кои ќе бидат интервјуирани за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, изврши административна проверка на 20 апликации. Избраните кандидати ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20-ти октомври.
На вториот оглас аплицирале дел од кандидатите кои се пријавија и на претходниот, а Владата ја стопираше постапката во фаза кога комисијата предложи тројца кандидати и ја поништи листата.
Од тројцата повторно аплицирал единствено адвокатот Јордан Апостолски, додека обвинителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова претходно најавија дека нема да се пријават, откако Владата не им одговори, кои критериуми не ги исполниле на првиот оглас.
